За лицата кои носат апарати за слушање толкувањето и разбирањето на звуците што влегуваат преку микрофонот на апаратот претставуваат сериозен и секојдневен проблем. При надворешни шумови, во средини со одек, или кога треба да се протолкуваат понекогаш изобличени звуци преку микрофонот на апаратот за слушање, решението го претставува индуктивната јамка.
Индуктивната јамка е електронско средство коешто се употребува во комплексната достапност. Нејзиниот правилен назив е систем за засилување на звучната фреквенција со јамка. Индуктивните јамки се развиени со цел да им се прават на лица со оштетен слух звучни информации поразбирливи, овозможувајќи го примањето и разбирањето на истите без проблем. Просторите опремени со систем за засилување со индуктивна јамка обично се означени на долунаведениот меѓународно прифатен начин.
Во почетокот, првин слабите звучни сигнали од телефонски слушалки биле заменети со решение засновано врз принципот на индукција. Со префрлување во таканаречената „Т“ положба на апаратот за слушање кој е опремен со колектор на звукот способен за детектирање на индуцираното електромагнетно поле и преку директно прислушување на слабиот индуктивен простор генериран од ситниот калем кој го движи звучникот на телефонската слушалка, можат да се блокираат несаканите изобличувања од звучникот и воздухот, притоа овозможувајќи директно и квалитетно разбирање на зборувањето. Оттука потекнува називот „Т“ положба.
Благодарение на повеќедеценискиот, постојан технички развој, во сегашново време аналогните апарати за слушање полека но сигурно ги заменуваат уреди со дигитално обработување на сигналните. Целта на развивачите на апарати за слушање е да се приближат до природниот звук со совршен квалитет. И понатаму потпирајќи се на принципот на индуктивноста и благодарејќи на ред технички развитоци, сега со помош на идуктивната јамка возможно е да се покријат дури и театарски и концертни сали со одличен квалитет на звукот што овозможува пријатно доживување. А што се однесува до перформансите на засилувачите со индуктивна јамка, од потребите на лични разговори кај маси за пишување од неколку квадратни метри сè до потребите за озвучување на спортски сали од повеќе илјади квадратни метри, со инсталирање на соодветниот систем за засилување со индуктивна јамка, може да се обезбеди покривањето на простори од разноразни облици и големини.
